Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места, информира АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 07:00 часот, поради снимање на филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип на 4 км се пренасочува десно кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип. 

OhridNews