Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Појава на магла има на патниот правец Скопје-Тетово со видливост 30-50м.-информираат од АМСМ.

Поголема внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

OhridNews