Поради остатоци од снег на коловозот забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, која важи и за автобуси, информираат од АМСМ).

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, со мали остатоци од кашест снег на осојничавите места. Поради ниски температури има појава на голомразица. Се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. ВНИМАТЕЛНО: Препорачуваме поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

OhridNews