Според најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи, УВ индексот денес изнесува 9, и е само за еден степен понизок од максимално можните 10.

Кога УВ индексот е од 7- 9, тоа значи висока опасност, при што најштетно е изложувањето на сонце во периодот од 10 до 16 часот.

Лекарите советуваат во овој период да се избегнува излегувањето на отворен простор. Доколку сте приморани тоа да го направите, задолжително заштитете се со очила за сонце, капа и светла и лесна облека.

Сончевиот спектар на зрачења е составен од инфрацрвени зраци со видливо светло и ултравиолетово (УВ) зрачење. На УВ зраците отпаѓаат само 10 проценти од вкупното зрачење, а тоа е не можеме да го почувствуваме со нашите сетила. Иако во вкупното зрачење делот на УВ зраците е мал, проблемите кои можат да бидат предизвикани се големи. УВ индекс претставува степен на опасност од УВ зрачење. Се изразува во бројки од 0 (ниска опасност), па се до 10 (многу голема опасност).

OhridNews