За жал, се работи за пародија, а не за вистинска акција. Група граѓани утрово направија герила акција околу Дебарското Езеро, каде на одморалиштата и видиковците, кои се најпосетени од луѓето, поставија картонски сцени како надлежните служби казнуваат несовесни граѓани кои фрлаат отпад во природата.

Сликата околу Дебарското Езеро каде се расфрлани големи количини најразличен отпад, всушност е слика која преовладува во целата земја, што говори за ниското ниво на еколошка свест кај населението кое продолжува немилосрдно да ја уништува животната средина.

Загадувачите, пак, без оглед дали се физички или правни лица, минуваат неказнето, што само по себе го охрабрува несовеното однесување.

OhridNews