Да се внамава каква храна се купува и консумира, советуваат од Центарот за јавно здравје од каде, поради високите температури, советуваат да не се купува храна која се продава на отворено и која не се чува во соодветни услови.

– Особено да не се купува храна која е многу ризична поради високите температури и која во себе содржи јајца, млечни производи, како и сувомеснати производи кои не се соодветно чувани, поради опасноста од труења, потенцира директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.


Притоа, тој ги повика надлежните институции да вршат редовни контроли на квалитетот на храната која се продава, а воедно повика и да не се продава храна која не се чува соодветно.

Засега не се евидентирани поголем број труења со храна, но како што потенцира Михаилов, опасноста се зголемува со зголемување на бројот на гости во градот во екот на туристичката сезона.

OhridNews