
Максималната дневна температура под сенка ќе достигне до +42 степени, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.
Сончево и многу топло ќе биде и во Охрид, каде живата во термометрите ќе се искачи до 36 степени Целзиусови.
Мало освежување ќе имаме од утре кога се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи, но дневните температури и натаму ќе бидат високи и на места ќе достигнат +41 степен. Дожд ќе има и во четврток и петок, што ќе придонесе за благо опаѓање на високите температури.












