Во јуни годинава се издадени 242 одобренија за градење во државава со кои е предвидена изградба на 530 станови со вкупна корисна површина од 44.252 квадратни метри, што е за 12,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење изнесува 5,107 милијарди денари, што, пак, е за 38,4  отсто повеќе во однос на јуни 2022 година.

Во Охрид се издадени седум одобренија за градење, три на физички лица и четири на деловни субјекти со предвидена вредност од 61 323 денари. Предвидена е изградба на 12 станови со вкупна корисна површина од 1 075 квадратни метри, велат податоците на ДЗС.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење на ниво на држава, 115, односно 47,5 отсто се наменети за објекти од високоградба, 66 или 27,3 отсто за објекти од нискоградба и 61, односно 25,2 отсто за објекти за реконструкција. Од вкупно 242 објекти, на 117 или 48,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125, односно 51,7 отсто инвеститори се деловни субјекти.

OhridNews