Во Охрид, во 2010 година, родени се еднаков број на женски и машки деца. Од вкупно 572 родени, 286 се машки и ист толкав број женски деца. Во Струга, од вкупно родени 695, машки биле 382, а женски 313.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 60.8%, се живородени деца од мајки на возраст 20-29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 27.8 години, а 26.0 години на првите раѓања, што претставува благ пораст во однос на претходната година.
Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1982 година.
За одбележување е бројот на раѓања кај многу младото женско население. Во 2010 година се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 958 деца или 12.2% од вкупниот број на живородени деца се вонбрачни.