Во вооружениот грабеж кој се случи на 3- ти јануари од златара беа одземени златен накит и предмети во вредност од околу 100.000 евра. Во текот на вчерашниот ден пак, од сопственик на менувачница беа украдени околу 120.000 евра.
И во двата случаи на разбојништво извршителите засега се непознати, но како што потенцираат од СВР- Охрид, се презема широк спектар оперативни активности за пронаоѓање на лицата и дека полицијата располага со добри оперативни сознанија со цел и овие два слуачи успешно да бидат решени како и поголемиот број кривични дела кои се извршиле во текот на минатата година.
Според информациите на СВР- Охрид, 2012 година завршила со исклучително позитивен биланс и висок процент на решени кривични дела, односно 61% од нив.
– Тоа претставува прилично висока бројка во однос на реализација на сите кривични дела и покрај тоа што во 2012 година забележан е пораст на кривичните дела за 3%. Морам да го нагласам успешното севкупно работење на полицијата во откривањето на кривичните дела, изјави портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.
Тој нагласува дека големиот број успешно разрешени кривични дела укажува на позитивна безбедносна состојба на подрачјето кое го покрива СВР Охрид.