
– Ова е прв случај со смртен исход, до сега на подрачјето на СВР Охрид не се случиле вакви напади од глутница кучиња. – изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Вчерашната трагедија во Баланци, како и проблемите со бездомни кучиња во урбаните средини, повторно го отвараат прашањето за грижата на институциите, дотолку повеќе што најголемиот број од општините немаат прифатлишта за животни, ниту служби за нивно заловување.
-Секако дека не само полицијата туку и сте останати субјекти ќе треба многу поодговорно да делуваат во решавањето на овие проблеми. – вели Димовски.
Од СВР Охрид велат дека ќе иницираат разговори со надлежните институции за овој проблем.
OhridNews












