Втор круг од локалните избори ќе има во 29 општини од земјава и градот Скопје, информираат од Државната изборна комисија.

Одзивот на гласачите во првиот круг од локалните избори изнесува 69, 98 отсто, врз основа на податоците од сите 2976 избирачки места.
На првиот круг од локалните избори, гласале вкупно 1 167 757 избирачи од вкупно 1 743 403 запишани во избирачкиот список.
Инаку, Државната изборна комисија на денешното продолжение на 36-тата седница, ги отфрли поднесените 70-тина приговори за локалните избори во Охрид, освен за едно гласачко место, каде било утврдено дека во избирачката кутија имало едно ливче повеќе од заокружените во избирачкиот список кои гласале.
OhridNews











