Очите на целиот свет денеска се свртени кон Абу Даби. На патеката „Yas Marina Circuit“, ќе се води завршната трка од светското првенство во Формула 1 оваа сезона, која ќе го даде одговорот кој ќе го крене шампионскиот трофеј.
Пол позицијата ја има актуелниот првак и втор во генералниот пласман кај возачите Макс Верстапен на Ред бул. Тој имаше само 0,201 секунди побрзо време од водечкиот пилот на Мекларен Ландо Норис кој ќе стартува втор, а веднаш зад нив од третата позиција ќе стартува Оскар Пијастри (Мекларен) кој исто така има шанси за шампионската титула.
Сценаријата за титула се јасни и неизвесни:
За Норис: Ако финишира на подиум (позииција 1-3), шампионската титула е негова — без оглед на тоа каде ќе завршат Верстапен и Пијастри.
За Верстапен: Мора да победи, и истовремено Норисs да не дојде на подиум – да биде 4-ти или подолу, што ќе му донесе петта титула по ред.
За Пијастри: Меговите шанси се нешто послаби, само победа + катастрофален ден за Норис (најмногу 6-та позиција или подолу) би можеле да го однесат до шампионската титула.
Трката почнува во 14 часот по македонско време.
Г.М.












