Во градежната компанија „Адора Инженеринг“ има голем интерес од граѓаните за купување стан преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, за што потврда се 200-тината јавувања на заинтересирани граѓани во август, од кои, само во еден ден се потврдени две апликации за купување стан по овој модел.
Во компанијата, што го поддржува овој проект од неговиот почеток, велат дека и во изминатиот период имало интерес за него и на овој начин досега биле склучени 15 договори за купопродажба на стан. Интересот за проектот значително пораснал по неодамнешните законски измени со кои 50 % од средствата на државата за учество во станбениот кредит, станаа неповратни.
Од „Адора Инженеринг“ информираат дека со учество во владиниот проект со дел од понудата на елитни станови, ја поддржуваат социјалната димензија на проектот “Купи куќа, купи стан“, со што по доста поволни цени и услови и граѓаните со поплиток џеб можат да станат сопственици на асеизмички стабилен, квалитетен, енергетски ефикасен и економичен стан, изграден по европските стандарди.
OhridNews