Во четврток  во Тирана ќе се одржи работен состанок на преставници од Македонија , Албанија и Црна Гора на кој темата ќе биде конкретно дефинирање на активности во нов проект за заштита на биодиверзитетот на трите езера кои се наоѓаат во Дримскиот басен . Проектот е регионален и треба да биде финансиран од Германската влада преку ГТИ (ГТЗ).

 “ После неколку одржани средби со мисиите , првичната идеја е проектот е да се  занимава со анализа на состојбата за биодиверзитетот на трите големи езера Охридско , Преспанско и Скадарско ,вклучувајќи притоа и конкретни активности и план за заштита на биодиверзитетот. Притоа се планира да се развијат и капацитетите за воспоставување на регионален систем за заштита на биодиверзитетот на езерата . Институционално, Министерствата за животна средина и постоечките билатерални тела  ќе ја обезбедат регионалната соработка а посебна цел е да се направат конкретни зафати по однос на веќе изработени Акциони планови за басените на езерата и националните паркови . Една од можностите е да се поддржи планот за заштита , реставрација и валоризација на водните живеалишта (Студенчишко блато како пример )  и придобивките да ги почувствуваат токму оние кои се потпираат на овие вредности (пример локалните заедници) . Мислам дека доаѓа времето кога се почнува со конкретна реализација на се она што како планови и иницијативи сме го работеле. Секако конечната листа на активности ќе се утврдува на заедничкиот работниот состанок во Тирана” вели Дејан Пановски од Одделението за управување со подрачјето на речен слив на реката Црн Дрим при Министерство за животна средина и просторно планирање.

Активностите е предвидено да бидат врзани и со иницијативите  создадени во досегашната имплементација на процесот Дримскиот Дијалог што би значело дека реално заживува управувањето со Дримскиот Басен.

OhridNews