Во албанскиот град Бурел, на протестот што го организирале група млади во центарот на градот запалено е македонско знаме, информира Канал 5.

Како што се наведува од овој медиум,, протестот бил одржан „против убиството на двете момчиња во Гостивар, физичкото насилство врз 15 ученици Албанци и палењето на албанското знаме од страна на македонската христијанска организација“. Насобраните млади извикувале „сакаме етничка Албанија“ и „Долу Македонија“, по што и го запалиле македонското знаме.

Според албанските медиуми, на видеото на таканаречената „Христијанска организација“, две маскирани лица го палеле албанското знаме и повикувале на обединување на христијаните против Албанците, и воопшто муслиманите.

OhridNews