Во Алејата на великаните на градските гробишта во Скопје, попладнево, беше погребан Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.

Од Глигоров во капелата се простија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, началикот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, претставници на дипломатскиот кор, високи актуелни и поранешни политички и јавни личности, академици, претставници на Сојузот на борците и на други невладини организации.

Согласно неговата последна желба, граѓанската погребна церемонија се одржа без државнички и црковни почести. Во поворката која го испрати Глигоров до неговото вечно почивалиште беа членовите на неговото потесно семејство, роднини и пријатели, соработници, претставници и пратеници од СДСМ предводени од лидерот на партијата Бранко Црвенковски, како и претставници на други политички партии.

Претходно, се одржаа комеморации во Собранието на Република Македонија и во седиштето на СДСМ.

OhridNews
фото: МИА