СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишен стружанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Во текот на септември, во апартман на ул. „Гоце Делчев“, каде престојувал пријавениот, бил извршен претрес при што бил пронајден и одземен кокаин.
OhridNews