Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2014, изнесува 21 175 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (3.1%) и Градежништво (3.0%).

Во април 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews