Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2013 година, во споредба со јули 2013 година, е зголемен за 0.1%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.2%, додека во групата Алкохолни пијалаци е забележано намалување за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2.1%.

OhridNews