Бројот на туристите во август 2012 година, во однос на август 2011 година, е намален за 3.2%, а бројот на ноќевањата е намален за 6.0%. Бројот на домашните туристи во август 2012 година, во однос на август 2011 година, е намален за 6.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 3.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2012 година, во однос на август 2011 година, е намален за 7.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.5%. Во периодот јануари-август 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.4%, а кај странските зголемување за 9.3%.
Во периодот јануари-август 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 3.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.9%, а кај странските зголемување за 6.1%.