Според податоците на Државниот завод за статистика, во август, просечната нето месечна исплатена плата во Македонија изнесувала 20.965 денари, што е за 53 денари, или 0,3 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен на годишна ниво забележана е во секторите: Стручни, научни и технички дејности,земјоделство, шумарство и рибарство и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август изнесувала 30.777 денари, а во овој месец 2,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews