Царинските службеници од граничниот премин Табановце, спречија нов обид за шверц на два килограми марихуана, скриени во перница за спиење, ставена во торба.
 
На 29- ти јануари, за излез од Македонија, на граничниот премин Табановце се пријавил автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на линија Охрид-Хамбург-Охрид.
 
Пред започнување на царинскиот преглед, возачите на автобусот им посочиле на цариниците да обрнат внимание на една спортска торба (ранец), сместена во багажниот простор. Возачите информирале дека сопственикот на торбата, иако ја сместил во багажниот простор, не се качил во автобусот а то аго забележале при последната проверка, споредувајќи го бројот на патниците присутни во автобусот со бројот на патниците наведен во списокот на патници.


 
При преглед на внатрешниот дел на торбата сопственост на осомничениот , царинските службеници пронашле перница за спиење наполнета со синтетички памук, на која забележале рачно сошиен раб. По расшивање на работ и отстранување на дел од синтетичкиот памук, пронајдена била најлонска кеса со две пакувања со тежина од по 1 килограм опојна дрога марихуана.
 
Марихуаната заедно со торбицата се предадени во Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја.
 
Од спроведената предистражна постапка, утврдено е дека осомничениот, откако ја набавил марихуаната ја сокрил во перница за спиење и истата ја сместил во ранец, а потоа се упатил кон автобуската станица во Скопје, каде го чекал автобусот од Охрид преку Скопје за Хамбург- Германија. Осомничениот на автобуската станица бил забележан од страна на четири лица кои го чекале истиот автобус. Откако пристигнал автобусот, осомничениот го дал ранецот заедно со неговиот пасош на лице задолжено за товарање на багажот во автобусот, кој во листата за багаж го впишал името и презимето и бројот на патната исправа на осомничениот, а ранецот го сместил во долниот дел од автобусот наменет за багаж. Осомничениот го искористил присуството на голем број патници и не се качил во автобусот и заминал во непознат правец и од тој момент се дал во бегство.


 
Марихуаната требало да заврши на германскиот нарко пазар.
 
Осомничениот им е добро познат на органите за прогон и против него претходно се поднесени повеќе кривични пријави за разбојништва и кражби.
 
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а органите на прогон ќе продолжат со потрагата за пронаогање на осмничениот со цел да биде изведен пред лицето на правдата.

OhridNews