Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишен охриѓанец. Тој, на 04.05.2019 година околу 04 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид е затекнат при користење на  марихуана.
Дополнително, при претрес, извршен врз основа на наредба на судија на претходна постапка, во неговиот автомобил марка  „Opel Insignia“  и во неговиот дом пронајдена  и одземена е марихуана, како и повеќе други предмети поврзани со кривичното дело, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews