При преглед на патничко моторно возило „Рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 35- годишно лице од Кичево, од страна на полициски службеници било пронајдено едно пакување со траги од непозната смолеста материја, една алуминиумска цевка и една алуминиумска фолија.

При преглед на совозачот биле пронајдени и 15 ампули „апаурин“. Со потврда за привремено одземени предмети, сите предмети се одземени, лицата се приведени во СВР Охрид и со нив е извршен разговор по што се пуштени.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews