Утрово Битола, Тетово и Берово биле најстудени градови во Македонија. Температурата измерена во седум часот во Битола изнесувала минус 19, а во Тетово и Берово минус 17 степени.

Во Скопје во седум часот се измерени минус 16 степени, а во Охрид минус 9 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, во текот на денот во Охрид ќе се задржи сончево и студено време со максимална температура до 1 степен. Вечерва повторно се очекува температурата да падне до минус девет. Во деновите од викендот се предвидуваат врнежи од дожд и благо покачување на температурата.  

OhridNews