На потегот помеѓу градското пристаниште и хотел Палас граѓанин пронашол сандак со минофрлачки гранати.

Се очекува тимови  на Дирекцијата за заштита и спасување   и на езерската полиција да направат контрола и да се утврди за што станува збор, а попладнево нуркачи и  пиротехничари да ги извадат гранатите.


На оваа локација, завчера, на длабочина од половина метар во езерото, граѓаните открија и пријавија рачна бомба.

Се претпоставува дека станува збор за граната од Втора Светска Војна.

OhridNews