Со прострелна рана, вчера, во болницата „Св.Еразмо“ било донесено 38-годишно лице од село Лешани. Повредениот имал рана во пределот на надлактицата од левата рака.
За случајот бил известен Секторот за внатрешни работи, при што од страна на полициски службеници бил извршен разговор со повредениот кој кажал дека додека се движел пеш со негов роднина од Лешани кон место викано „Гркополе“, бил погоден од заталкан куршум.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
OhridNews












