Во селото Ботун, општина Дебрца, во тек се градежни активности за изградба на атмосферска канализација, дел од проектот за реконструкција на улици во селото Ботун со должина од еден километар. Атмосферската канализација ќе биде изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри.

Увид на лице место денес изврши градоначалникот на општина Дебрца кој истакна дека динамиката на изведување на градежните активности се одвива според предвиденото.

Покрај изградбата на атмосферската канализација проектот предвидува крпење на ударните дупки и надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој со дебелина 7сантиметри со ширина но коловозот од 3.0-3.5 метри и банкини од 0.75 см, изведба на тротоари и проширување на улицата на одредени места потребни за паркирање.
Реконструкцијата на улиците во село Ботун е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

OhridNews