Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа поетско – прозно читање во рамките на активностите сврзани со октомври – Месец на книгата.
На нашата покана се одзваа дел од роднокрајните автори од различни генерации кои беа во можност да дојдат и да прочитаат свои стихови и извадоци од раскази. Роднокрајните автори ги истакнаа своите лични активности сврзани со пишаната рече, ја пофалија нашата агилност за поканите на сите настани во установата, но и за нашата подадена рака кон нив и побараа почести средби, велат од Библиотеката.
Следната е веќе договорена во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ во февруари 2024 година.
Охридските творци преку прочитаните творби на присутните им го разведрија тмурниот и дождлив октомвриски ден.
OhridNews