Со изложба на ликовни дела на уметници од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид што ќе се одржи во изложбениот салон во четврток, 5-ти февруари, во 11:45 часот, ќе започнат годинешните „Прличеви беседи“.

Потоа следи претставување на наградената поема за 2025 година „Темна кутија”, артистичка изведба на поемата, врачувањето на Повелбата за најдобра поема за 2025 година и обраќање на лауреатот Братислав Ташковски.
Свеченост ќе се одржи во малата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид.











