Теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци, ќе се спроведе во четврток. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток до 06 часот во петок, информира Локланата самоуправа.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, се вели во соопштението.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

OhridNews