Министерството за транспорт и врски и Општина Охрид, во четврток 12, ноември организираат јавна расправа за влијанието на планот за управување со животната средина и социјалните аспекти на реконструкцијата на булеварот „Македонски просветители.
Поради ситуацијата со COVID 19, јавната расправа ќе се одвива преку видео-конференција, со почеток во 12 часот, информира локалната самоуправа.

Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки со димензии 5/5/8см. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни.

OhridNews












