Во четврток, 19 јуни, со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето “Бејбунар“ во Охрид, ќе има вежбовна активност со боево гаѓање.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид, информира СВР Охрид.
СВР Охрид апелира до граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.
Г.М.