Во четврток ќе се прска против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите велат од Општина Охрид.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Охрид дека на ден 16.06.2022 год. (четврток) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци, наведуваат во соопштението.

Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток до 06 часот во петок. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река, додаваат во соопштението.

Упатуват апел до пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите, но и до граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

OhridNews