Локалната самоуправа, во четврток и петок- 22 и 23 август, ќе го спроведе третото терестичко запрашување против комарци. Запрашувањето ќе се одвива на следните локации: крајбрежие на потег од село Подмоље до населбата Св.Стефан и пошироката територија на град Охрид во периодот од 23 до 6 часот.
Се известуваат пчеларите во деновите кога ќе се врши запрашувањето, да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.