Во четврток, 3 октомври, пред Спомен домот, местото и објектот каде, во 1943 година, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, го објавија Манифестот до македонскиот народ за целите на анти-фашистичката војна, во селото Црвена Вода, со почеток во 16 часот, ќе се одржи голем народен собир, на кој ќе говори претседателот на Северна Република Македонија и врховен командант, Стево Пендаровски.

Покрај претседателот Пендаровски, најавено е, да се обратат и градоначалникот на општината, Зоран Ногачески, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно–ослободителната антифашистичка војна на Македонија, д-р Никола Стојаноски, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци за општините Охрид и Дебрца, Гоце Героргиевски.

Пред Спомен обележјето, цвеќе ќе положат уште и делегации на Генералштабот на АРМ, на гарнизонот во Кичево, на општините Охрид и Дебрца, на боречките организации од Охрид, Дебрца, Струга и Кичево, на месната заедница во селото и други.

Гостите ќе можат да ја разгледаат реконструираната зграда на Спомен домот, за што средства, во висина од 10 илјади евра, обезбеди општина Дебрца, заедно со Спомен собата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, односно Спомен собата на Ванчо Николески, доаенот на македонското детско-младинско литературно творештво.

OhridNews