Осум метри висока скулптура на Мерлин Монро била откриена во центарот на Чикаго, пренеле американските агенции. Споменикот бил поставен на дел од Мичиген Авенијата познат како „Magnificent Mile“, каде често се организираат необични уметнички настани и случувања.


Славната актерка е прикажана во култната сцена од филмот „Седум години верност“ кога стои над отвор за вентилација со подигната сукња. Џиновската статуа, чиј идеен творец е уметникот Стјуарт Џонсон, ќе стои во центарот на Чикаго до пролетта 2012 година.