Од јануари месец, следната година, во Центарот за јавно здравје Охрид со новата лабораториска опрема за молекуларна дијагностика, се очекува да биде воведен и респираторен панел, со кој ќе се вршат анализи на респираторни инфекции.
Во план сме да воведеме и респираторен панел, со кој сите најчести респираторни инфекции овде особено кај децата ќе може да се откријат и дијагностицираат и понатаму да се третираат од страна на педијатрите. Брисот се зема, се работат резултатите побрзо и се одредуваат и вирусите, бактериите. Многу пософистицирано и подлабоко се навлегува, ова е анализа со молекуларна дијагностика, вели директорот на Центарот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков.
Посочува дека трошоците, исто како и за ХПВ анализите и Chlamydia trachomatis, ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување.
Екипираноста на песоналот е многу битна кога станува збор меѓудругото и при воведувањето на нови методи и анализа, и истата вели е релативна работа.
Во Центарот за јавно здравје навистина фали персонал и веќе имаме барање до Министерството за здравство и Министерството за финасии и за жал сеуште немаат позитивно одговорено за оние потреби кои ги имаме, бидејќи кај нас по пат на пензија има заминато голем број на кадар, лекари и медицински сестри и мораме тоа да го надополниме и се надевам дека ќе имаат слух од министерствата, со цел да ги задоволат нашите амбиции во овој регион да овозможиме брз, лесен и професионален пристап и задоволување на потребите на пациентите. Тоа е и целта на нашата институција и се трудиме да одговориме на сите барања на нашите пациенти и со воведување на нови методи и осовременување на постоечката опрема, додава Точков.
Остануваат вели достапни за сите пациенти кои имаат потреба од лабораториска дијагностика.
Н.С.Ј.