
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера попладне старецот излегол од својот дом и не се вратил.
-Преземени се сите неопходни мерки, пребарана е околината, но се уште не е пронајдено исчезнатото лице, кое не одговара на повиците на неговиот мобилен телефон, истакна Димоски.
Полицијата заедно со членови на семејстрвото и презема интензивни мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице, додаде Димоски.












