Во вториот круг на локалните избори своето право на глас денес во Дебрца ќе го остварат 37 болни и изнемоштени лица, додека во Струга 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници.
Гласањето се одвива тековно без никакви проблеми. Во првиот круг гласаа 37 болни и изнемоштени од 38 кои беа пријавени. Утре ќе се гласа на 22 избирачки места, нема промени на локациите, информираат од ОИК Дебрца.
Во Струга утре ќе се гласа на 101 избирачко место.
Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Денеска во државава треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица.
Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ. Од полноќ започна изборниот молк, кој ќе трае до утре до 19:00 часот.
Н.С.Ј.












