Според неофицијалните податоци на ДИК, во општина Дебрца каде се гласаше на 28 избирачки места, правото на глас го остварил 3371 жител, односно 73,78%.

За кандидатот за градоначалник од СДУ, Димче Андрески се изјасниле 68- 2,07%, за кандидатот од коалицијата За подобра Македонија Игор Трајкоски гласале 1573, односно 47,86%, за кандидатот од Сојузот за иднината Љупчо Којчиноски гласале 1634- 49,71% и за независниот кандидат Зоран Ногачески се изјасниле 12 гласачи- 0,37%.

OhridNews