Не ви се допаѓа вашата тетоважа или повеќе не сакате да ја имате? Ласерско медицинскиот центар „Дерма Лукс“ од Охрид единствено во регионот врши отстранување на тетоважи со ласер.
Третманот е исклучително ефикасен. Ласерот го разбива (експлодира) пигментот во кожата на многу мали честички кои потоа со самата циркулацијата се чистат, исфрлаат од организмот како токсини.
-Во моментот кога тетоважата се третира ласерски, таа исчезнува пред Вашите очи, во истиот момент. Кожата останува мазна и чиста.-велат од „Дерма Лукс“.
Крајните резултати од ласерскиот третман стануваат видливи за 2 месеци. За тетоважите постари од 25 години, потребен е еден третман. Колку што е тетоважата помлада, толку повеќе третмани се потребни за нејзино отстранување. За тетоважа помлада од 3 години, потребни се 5 до 6 третмани, информираат од од „Дерма Лукс“.