Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 26-ти февруари, на булевар „Туристичка“ во Охрид и во село Орман, полициски службеници извршиле претрес во дом и викенд-куќа на пријавениот, при што пронашле и одзеле околу 830 грама марихуана.
OhridNews