Вкупно 19 465 ученици се запишани во двата уписни рока за учебната 2013/2014 година во средниште училишта во земјава.

Како што информираат од Министерството за образование и наука, вкупниот број слободни места на распишаниот конкурс изнесуваше 34 971, а остануваат 15 436 слободни места.

11 илјади ученици се запиашни во стручните средни училишта, околу осум илјади во гимназиските паралеки, додека во уметничките се запишани 287 ученици.

13 235 ученици ќе учат на македонски наставен јазик, додека на албански 5 786. 289 ученици ќе имаат настава на турски јазик, а само еден ученик на српски.

OhridNews