Момче на возраст од оклу 16 години вчера попладне било спасено од давење на обезбедено капалиште во Горица од екипа на Центарот за безбедност на вода.

Во друг случај, во базен во истата област, спасени биле две деца на возраст од 6 – 10 години, кои ги зафатило паника поради неможност на едното дете да излезе од вода, соопштија спасувачките екипи на Црвениот крст.

Тројцата давители навремено се спасени и се добро, информираат од Црвениот крст.

OhridNews