Охридските средношколци Никола Таштаноски и Бранка Бунташеска продолжија со своите успеси. Тие за кус период по втор пат освојуваат сребрен медал, овој патна интернационалната олимпијада за заштита на животна средина GENIUS (Global Environmental Issues and US) која се одржа оваа недела во Њујорк САД.


Никола и Бранка се претставија на олимпијадата со својот краткотраен филм насловен „We are guests not owners“ (Ние сме гости не сопственици). Тие се натпреваруваа со уште други 325 проекти од целиот свет кои беа селектирани според одредени критериуми од вкупно 769. Тие го освоија сребрениот медал, до кој стигнаа и на интернационалниот натпревар во Истанбул, што се одржа во месец мај оваа година.


-Минатата година се претставивме со научен проект но оваа година одлучивме да изработиме нешто што ќе ја прикаже вистинската состојба на светот, но и истовремено ќе придонесе да го поправиме негативното и да се грижиме за подобро утре на идните генерации… вели Никола.

-Овој пат докажавме дека можеме да бидеме креативни и да изработиме еден краток филм кој ќе ја пренесе нашата цел да ја заштитиме планетата земја. Бевме групирани во повеќе категории: Наука, Видео, Фотографија, Дизајн.., истакна Бранка.


Да се претставува Охрид и Македонија на една ваква олимпијада претставува чест бидејќи преку неа запознаваме нови пријатели но истовремено ја пренесуваме нашата култура пред останатите во светот велат Никола и Бранка кои не ја криеја својата среќа од постигнатиот успех на олимпијадата во САД.


Успехот на охридските ученици на олимпијадата го круниса младата Филис Ајруш која во категоријата еко-фотографија го освои првото место

OhridNews