Како што информира министерството за внатрешни работи, синоќа , околу 1 часот и 15 минути, во Скопје на ул.„Вамбел“ непознат сторител предизвикал експлозија од експлозивна направа при што е оштетено возило на 37- годишен охриѓанец, марка  „рено меган“.

При експлозијата нема повредени лица , а оштетено е уште едно возило марка  „голф“ соственост на жител на Скопје.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

OhridNews