Жителите на Елшани, традиционално и оваа година во раните утрински часови ги започнаа активностите по повод празнувањето на Богојавление.
Во 5 часот започна утринска богослужба, на која присуствуваа повеќе стотини елшанци. Се осветуваше леб и вода ,а потоа на сред село кај Клајнецот во изворските води се изврши чинот на фрлање на светиот крст . Оваа година среќниот фаќач беше Ристе Матлиоски кому ова му е вторпат да стигне прв до крстот.Како спомен на настанот , среќниот фаќач доби златно ланче со златен крст од црквата Свети Пророк Илија, како и таблет од месната заедница.
Народниот елшански собир продолжи со оро на сред село каде старите и нови кумови служеа топла ракија и бонбони. Денешните празнувања продолжуваат и со богати светијонски трпези кај старите кумови , како и со песна и игра.
OhridNews
Дим Дон


















