Елшани, малото живописно село во близина на Охрид, и ова утро го дочека големиот православен празник Богојавление – Водици во духот на вековната традиција. Жителите, како и секоја година, рано излегоа на утринската богослужба во црквата „Свети Пророк Илија“, каде се осветија водите како симбол на чистота и нов почеток.
Кулминацијата на празникот беше фрлањето на чесниот крст во изворските води, кај Клајнецот. Годинава, крстот го фати Петар Стевоски, кој претходно уште двапати ја имал честа да го направи тоа. Неговата радост беше очигледна, дополнета од наградите што ги доби – паметен часовник од Месната заедница и убава икона како благослов од црковниот одбор.
Според традицијата, тајфата на фаќачот ги посетува сите домови во селото, а жителите со искрена радост го даруваат крстот, внесувајќи топлина и заедништво во секој дом.
Прославата на Водици во Елшани традиционално продолжува со народен собир на сретсело, како и богати светијонски трпези кај овогодинешните кумови. Живата атмосфера, исполнета со песни, ора и звуците на традиционалните инструменти, го претвора празникот во вистинска магија и симбол на заедништво.
Младинската заедница при ОСУ „Св Климент Охридски“ – Охрид ја најавува својата нова иницијатива – ученичкиот подкаст „Гимназиски муабети“, кој има за цел да создаде простор каде младите отворено ќе...
Преподобен Јоаникиј се родил во Охрид, на 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч Пантелејмон“, Нерез...
Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.